
Караџовски поставил Генерален секретар без конкурс
Наместо со распишан конкурс а потоа и одлука на Судскиот совет, претседателот на советот Зоран Караџовски сам го назначил актуелниот Генерален секретар на Судскиот совет, Анита Андоновска, тврдат извори за Телма. Процедурата не била запазена ниту при разрешување на претходниот Генерален секретар на советот, велат нашите извори. Според информациите што ги добивме, Караџовски ја разрешил и Елизабета Васкова од генерален секретар и го ставил вон сила решението од 2008 година, кога била постатавена на функцијата – самостојно, без оваа одлука да помине на седница на Судскиот совет, иако таа била именувана за Генерален секретар со конкурс, а потоа со одлука на советот а не само од претседател на Судски совет.
Во членот 137 од законот за судски совет пишува – „Советот од редот на судските службеници или раководни државни службеници именува генерален секретар, врз основа на конкурс.“
Но Караџовски вели одлуката ја донел врз основа Закон за административни службеници во кој мандатот на генералниот секретар за завршува со завршување на мандатот на функционерот кој го назначил. Зошто го користел овој закон а не оној кој се однесува конкретно на институцијата што ја предводи, Караџовски со оценка дека Законот за Судски совет е неспроведлив и анахрон.
„Се е направено по закон. Точно е дека не била одржана седница на судксуот совет но и тоа е согласно законите. Законот за судски совет е несрповедлив. Решението во него е анахроно. Законодавната власт заборавила да го усогласи со законот за административни службеници. Не знам и не видов како било во минатото кога се бирал и разрешувал генерален секретар затоа што претходниот бил на таа функција 10 години“, вели Караџовски.
Во членот 23 од Законот за администервтивни службеници е предвидено само завршувањето на мандатот на генерланиот секретар, но не и именувањето на нов.
Промената на генералниот секретар Караџовски ја направил во септември 2016, пет месеци откако Караџовски седна во претседателската фотеља во Судскиот совет.
Во истиот период во 2016 и Уставниот суд го сменил Генералниот секретар но во тој случај бил распишан конкрурс и била формирана комисија за кадровски прашања по што и решението е објавено и во Службен весник.
Елена Ивановска Мукоска