Владата го осуди инцидентот пред конзулатот во Мелбурн (Видео)

Владата го осуди инцидентот што се случи пред конзулатот на Македонија во Мелбурн, кога група македонски иселеници, пред конзулатот во овој град запалија грчко, бугарско и албанско знаме и картонска макета од премиерот Зоран Заев и вицепремиерката Радмила Шекеринска.

Владата најостро го осудува вандалското и недолично однесување на мала група демонстранти пред конзулатот во Мелбурн.

Ваквите дејствија го нарушуваат имиџот на земјата, на македонскиот народ и на граѓаните на Македонија во очите на демократската јавност.

Палењето знамиња на држави и макети од премиерот Зоран Заев и вицепремиерката Шеќеринска, не се никаква одлика на патриотизам, ниту пак се слика за нашата дијаспора, пишуваат од владата.

Настанот се случи вчера, кога група иселеници протестираа пред конзулатот во Мелбурн против промена на името и против преспанскиот договор.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ