
Уништени бавчи и овоштарници во шарпланинските села
Град со големина на орев кој синоќа паѓаше околу половина час во неколку Шарпланински села целосно го уништи бавчите и овоштарниците.
Мештаните од Лешок денеска го собираа уништениот род од градот кој предизвика и материјална штета на домовите и локалните патишта.
Невремето во Варвара, село кое се наоѓа на неколку километри над селото Лешок било уште поголемо и таму градот уништил се што е засадено, а најголема штета е предизвикана на костеновата шума.
Мештаните велат дека не паметат вакво невреме.
Во невремето проследено со силен град настрадаа и посевите во
Селата Слатино, Отуње, Једоарце и Сетоле.
Зоран Димовски