Изградбата на домот за стари лица во Штип останува заглавена

Штипскиот Дом за стари лица, којшто неколку години стои изграден до карабин е дивоградба. Иако јавното обвинителство го повлече обвинението за бесправна градба за инвеститорот неговата изградба не може да продолжи. Штипскиот градоначалник, Благој Бочварски вели дека Здружението на пензионери кое во 2014 година почна да го  гради овој дом пред себе има комплицирана и тешка  постапка за да ги извади сите одобренија за градба. Затоа според него овој објект ќе го чека новиот Закон за легализација на дивоградби.

Објектот во којшто требаше да живеат над 90 пензионери од Штип и источниот регион е почнат да се гради без одобренија на местото на поранешниот воен ресторан Вардар, веднаш до касарната Јане Сандански. Пензионерската заштеда од 600.000 евра е инвестирана до крабин, а времето веќе им ја и уништува. И соседно Кочани е на идеја за изградба на Дом за стари лица. Таму општината има готов проект и одредена локација. Пресметките покажале дека би чинел над 80 милиони денари, а капацитетот би бил за 150 лица.

Печалбарите од истокот на бизнис форумот во Македонска Каменица го потенцираа недостигот од домови за стари лица. Соочени се со проблемите за грижата на нивните родители. Во моментов во овој регион само во Берово функционира ваков дом, кој може да смести само 29 лица.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ