Планот „Ц“ ги помати преговорите за СЈО

Планот „Ц“ го наруши преговарачкиот процес за Законот за ЈО. Нема договор ниту напредок, партиите ја заострија реториката. Со префрлањето на предметите и обвиненијата од СЈО во ЈО, законот повеќе не е ургентен. Министерката за правда Рената Тренеска Дескоска вели дека и таа била затечена од писмото на Јанева, а опозицијата била во шок. Токму поради тоа беспредметна била денешната средба во законодавниот дом.

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта за координиран план со цел да продолжи политичкиот прогон врз опозицијата.

Наредната недела работните групи повторно ќе се обидат да постигнат компромис за законот, а во разговорите не е исклучена можноста да бидат вклучени и лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Заев и Мицкоски.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ