Љубомир Јовески денеска мора да пресече дали ќе ги превземе предметите на СЈО

Љубомир Јовески денеска мора да пресече дали ќе ги превземе предметите на СЈО како што Јанева побара од „Шутка“ или не. Додека јавноста ја чека неговата одлука тој, заедно со неговата колешка Вилма Рускоска, пристигна во Министерството за правда но од задната страна и ги избегна новинарските прашања.
Од Обвинителството велат дека денеска ќе биде донесена одлуката.

Доколку Јовески го прифати барањето на Јанева тоа ќе значи дека обвинителите од СЈО остануваат без работа а предметите без разлика во која фаза се, судски процес, истрга или предистрага продолжуваат. Судските процеси ќе продолжат, но со нови обвинители а истрагите ќе ги превземат тимови од јавното обвинителство. На ова може да се додаде и можноста дека доколку се усвои предлог законот на Владата и СЈО се фузира со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, предметите да останат кај истите обвинители од СЈО.

Експертската јавност е со поднелени мислења.

Професорот Гордан Калајџиев е на ставот дека Јанева не може да ги делегира предметите на друго Обвинителство. Тој смета дека ова е крај на СЈО и дека ова обвинителство било злоупотребено само за ВМРО-ДПМНЕ да биде симнато од власт. Вината ја лоцира и кај политичарите кои тактизирале со изборот на нов обвинител на местото на Јанева со што би се избеглана моменатланата ситуација.

Калајџиев вели дека се можни две решенија, или СЈО да остане самостојно или да биде дел од редовното обвинителство.

Академикот Владо Камбовски пак смета дека СЈО ја одиграло својата улога и треба да се инкорпорира во Јавното обвинителство а предметите мора да се предадат.

Тој смета дека трансферот на предметите не се коси со законот за СЈО бидејќи не е избран наследник на Јанева и нема надлежен обвинител за предметите.

Обвинителката Ленче Ристоска од СЈО, без коментар околу трансферот на предметите.

Премиерот Зоран Заев, кој веќе изјави дека предметите треба да ги добие јавното обвинителство, денес изјави дека нема ништо спорно околу писменото барање на Јанева испратено од „Шутка“

Според информациите на Телма, Јанева вчера не испратила второ писмо со кое ја активира својата оставка и ќе чека на крај на собраниската процедура за нејзино разрешување.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ