
Речиси секојпат пожарите ги предизвикуваат луѓето – Пожарникарите го ризикуваат сопствениот за да спасат туѓ живот
Со стари возила, недостаток на опрема за гаснење и недоволен број на пожарникари, за 8 месеци изгасиле 1252 пожари, бројка што веќе ги надмина минатогодишните стастики. Горат се повеќе зелени површини, а утрово комуналните редари под скопското Кале фатиле група на луѓе кои што палеле кабли. Командирот на противпожарната бригада Скопје, Владимир Симоновски, вели дека скоро секојпат виновници се луѓето, кои на високи температури палат оган на отворено.
Пожарникарите го ризикуваат сопствениот за да спасат туѓ живот. Работат тимски и влегуваат во оган тогаш кога сите бегаат од него. Денеска осум припадници на противпожарната бригада добија медал за пожртвуваност, пофалби за својата работа добиваат секојдневно од сите, ама се уште чекаат подобри услови за работа.
За само едно деноноќие во Македонија се гаснат неколку пожари, а неизвесно е кога ќе биде изгаснат големиот пожар на Скопска Црна Гора. Последниот е на Скопска Црна Гора . Авионите на Дирекцијата за заштита и спасување вчера повеќе пати интервенираа во гасење на пожарот кој беше ставен под контрола, но поради силниот ветер, пак се активираше.
Последна информација е дека патот до таму е скоро непрооден , што го отежнува гаснењето. Опасност за куќите и луѓето од околните села нема.
За 10 дена, ова е трет голем пожар, откако во Велес изгоре боровата шума околу езерото Младост, и во понеделникот избувна пожар предивикан од палење на сува трева кај автопатот во Катланово.
Теодора Цветковска