
Производителите на медицински канабис сакаат да извезуваат – активистите прашуваат дали компаниите исполнуваат стандарди
Бизнисмените кои произведуваат медицински канабис во земјава настојуваат државата да им дозволи да извезуваат производи во странство. Побарувачката е голема, уверуваат тие. Чекаат пратениците во Собрание да гласаат законски измени за тие да можат на тој начин да го прошират бизнисот, со таргетирање на странските пазари.
Добро е да се извезува канабис и бизнисот да се проширува и надградува смета адвокатот и активист Јанаки Митровски. Но, тој го поставува прашањето – дали компаниите коишто произведуваат воопшто ги исполнуваат стандардите коишто се почитуваат во Европската унија.
Проширување на бизнисот со производство на медицински канабис не може да се случи без Владата да повлече чекори. Потребно е да се основаат Агенција за канабис, Национална лабораторија, како и Институт за канабис.
Сето тоа не може да помине без Национален координатор на целиот тој проект. Се уште никој не е назначен на таа позиција.
Петар Догов