Ахмети: ДУИ е за целосно почитување на законот за СЈО

Секој кој го прекршил законот треба да одговара, ДУИ е за целосно почитување на законите, сега сме пред важни моменти, пред зачлечнуавње во НАТО и пристапни преговори со Европската Унија и треба да бидеме бидеме внимателни сите случаи да се разрешуваат согласно законот и уставот, рече лидерот на ДУИ Али Ахемти по завршувањето на централнот претседателство во партиското седиште во Мала Речица. Тој додаде дека ДУИ е за целосно почитување на законот за СЈО

„ДУИ има цврст став дека треба да се почитува Законот за специјално обвинителство и да се постапува во согласност со Законот за обвинителството, договорен меѓу сите, актеритe во првите настани од пред три – четири години што се случија во земјата и ние бараме овој Закон да се почитува. Секое отстапување од овој Закон има последици по земјата и правниот систем на нашата република. Мислам дека овој развој нема да има влијание и последици врз добивањето датум за преговорите со ЕУ​​“, рече Ахмети.

Лидерот на ДУИ Ахмети ги даде овие коментари по кратката седница на партиското претседателство, на која дискутираа за актуелната политичка состојба во земјата и  внатрепартиска реоргaнизација во пресрет на одржувањето на конгресот на партијата, каде треба да се одлучи како ДУИ ќе делува во наредните две децени.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ