
Марјан Цветковски директор на МТВ до носење на законот
Реизборот на Марјан Цветковски за директор на МТВ е одлука на Програмскиот совет на МТВ кој сеуште функционира во стариот состав и владата со тоа нема никаква поврзаност.Според портпаролот Миле БОшњаковски јавноста добро знае кој членува во тој совет, на кој начин работеше и под чие влијание и на каков начин е направен овој избор.
„Веднаш по усвојување на новиот закон за аудио и аудиовизуелни услуги ќе се овозможи професионално непартиски нови раководни позиции и во МРТ и во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги (АВМУ). Тоа значи дека овој избор на важност се додека не го усвоиме законот“ –рече Бошњаковски.
Новиот закон се очекува да помине на владина седница до крајот на неделава а во парламентот ќе се носи со двотретинско мнозинство.Со него Владата очекува да се прекине нетранспарентноста и партизацијата на МТВ и на АВМУ.