
Гори депонијата Шапкар во струмичко
Се запали депонијата Шапкар кај струмичко Добрашинци. Огнот почнал претпладнето и зафатил голема површина. Екипите на противпожарната единица од Струмица заедно со комуналното претпријатие и дирекцијата за заштита и спасување се на терен, а се очекува помош и од противпожарните единици на Радовиш и Валандово.
Од струмички Комуналец велат дека постојано имаат проблеми со палење на депонијата а освен што се самозапалува, има сомнежи дека причина може да е и човечки гактор.
Депонијата Шапкар се наоѓа на територија на о. Василево. Градоначалникот вели дека ќе се дислоцираат сите свињарски фарми од околината за да се спречи движење на луѓе и животни.
Депонијата Шапкар треба да стане регионална депонија на Југоисточниот плански регион, но засега нема никакви најави за нејзино осовременување.
Сузана Мицева