По 50 години Центарци добија ново основно училиште

По 50 години Центарци добија ново основно училиште – „Киро Глигоров“. Ова училиште денес широко ги отвори вратите за 500 ученици, а е прво во државата кое има Дневен центар за деца со церебрална парализа.

Првиот човек на министерството за образование , Арбер Адеми изјави дека примерот на општина Центар треба да го следат и останатите општини.

Името на училиштето  Киро Глигоров, според првиот претседател на држвава е избор на граѓаните преку анкета, по што согласност дал и Советот на општината.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ