
Мицковски: Ќе и бидете први соседи на Катица
„Aко се надеваат на некакво ново Пржино, некаков нов договор на кој ќе се повтори реприза на ослабеното ВМРО-ДПМНЕ кое ќе потпишува се и сешто, надополнето со некој преторијанец во преговарачкиот тим, треба да знаат дека тој филм нема да го гледаат“, порачува лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан МИцковски преку видео објавено на ФБ.
„Ви ветувам правда, а за правдата не планирам никаков компромис. Нека слушнат сите оние курири кои ми ги праќаат овие од криминалниот октопод да преговараат за милост после поразот на изборите“, вели понатаму тој.
Мицковски потенцира дека секој оној кој се огрешил пред законите и се посрамил пред граѓаните нема милост ќе одговара.
Говорот ги завршува со зборовите: ќе бидете први соседи на таа што ја сместивте таму Катица, Бојан Јовановски и Зоран Милевски.