Ако расте минималната плата со ребалансот, СОНК ќе бара од владата покачување над 25 %

Ако расте минималната плата со ребалансот на буџетот, ќе бараме на средбите со Владата овој месец, зголемување на платите повеќе од 25%, вели претседателот на СОНК, Јаким Неделков. Тој смета дека се работи за барање кое е законско, а не заради желбите на вработените во образованието. СОНК вчера одржа предупредувачки штрајк поради незадоволството на наставниците и професорите од одлуката на владата, од септември да им ги зголеми платите до 5%, а не до 25%, колку што бараат тие, согласно растот на минималната плата на национално ниво во последниве години.

  • Апсолутно ние ќе продолжиме со подигнување на нашиот процент за усогласување со минималната плата. Не поради тоа што ние сакаме така, туку законот така го третира и ние се придржуваме до законот. За таа цел, бараме социјалниот партнер –владата да го испочитува законот , да не бидеме во незгодна ситуација , по правен пат да си ги бараме нашите права, изјави Неделков.
Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ