
Поранешниот пратеник Љубомир Јосифовски на распит во полициската станица Беко
Поранешниот пратеник од редовите на НСДП Љубомир Јосифовски синоќа бил приведен и однесен на распит во полициската станица Беко.
Според полициски извори се сомничи за неовластено влегување во комјутерскиот систем на Централниот регистар. Упадот го извршил во текот на август месец но, веднаш бил детектиран од администраторите од Централниот регистар и пријавен во МВР.
Нефоцијално Јосифовски неовластено вадел податоци за фирми но, се уште не е познато за која цел го правел тоа.
По распитот тој е пуштен на слобода, од МВР најавуваат дека во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава против него.
Јосифовски е член на партијата на чие чело стои Тито Петковски, НСДП.
Огнен Чанчаревиќ