
Нема план Б, законот за ЈО мора да се донесе
Комисијата за европски прашања не одржа седница ниту денеска иако рокот за расправа тече. Ќе се закаже само доколку се постигне согласност за текстот на законот за јавно обвинителство.Планот Б и евентуални интервенции во законот за Совет на јавни обвинители повеќе не е во игра. Се чека компромис за статусот на предметите на СЈО по 30 јуни 2017 година.
Прекината беше и законодавно правната комисија. Без целосен извештај на Комисијата за европски не може да се води амандманска расправа.
Од ВМРО ДПМНЕ велат дека има приближување во одредени области за структурата на новото обвинителство. Разлики се уште има , постигнувањето заеднички текст не е лесен предизвик но не е ни невозможен.
Партиите треба да постигнат договор за 41 амандман. Ако има компромис законот ќе биде ставен на пленарна седница во текот на неделава заедно со измените на Законот за Совет на јавни обвинители.
Јулијана Пешевска