
Во Скопје за 18 часа казнети 150 возачи
Низ улиците се вози многу брзо. Автомобили и мотори со прекумерна брзина која е опасна за возачите, но и за околината околу нив, се секојдневие низ Скопје.
Сепак, Полицијата е решена да се справи со возачите кои не ги почитуваат сообраќајните правила на патиштата, особено со оние што сакаат често да „притиснат на педалата за гас“ и да возат побрзо од дозволеното.
Последниов месец се засилени контролите на патиштата и полицијата ја мери и брзината со која се движат учесниците во сообраќајот.
Само вчера за 18 часа се казнети повеќе од 150 возачи. И тоа само во Скопје.
Ангеловски вели дека МВР ќе работи за подобровуње на свеста на сообраќајната култура на граѓаните.
Полициската статистика покажува дека брзото возење и непочитувањето на прописите се најчести причини за сообраќајни несреќи. Лани, повеќе од 600 сообракајќи биле поради брзо возење, а на патиштата низ Македонија загинале 133 луѓе.
Елена Митева