Прв работен ден за разузнавачите од новата Агенција за национална безбедност, УБК повеќе не постои

1 септември, недела но прв работен ден за разузнавачите. Од денеска стартува со работа новата  Агенција за национална безбедност која доаѓа на местото на УБК. Ќе работат во просториите на поранешен Македонија Табак, а Државна тајна е колку ќе има вработени  и колкави се нивните плати. Според неофицијални податоци се работи за повеќе од половина вработени кои доаѓаат од редовите на поранешната УБК која броеше околу 750.  Мораа да поминат безбедносни контроли и да ги исполнуваат критериумите за да може да работат во реформираните контраразузнавачки служби. 

Со реформите во безбедносниот сектор, Агенцијата сега е независно тело од МВР за разлика од претходно кога УБК работеше во рамки на министерството. Оние кои не ја поминаа селекцијата остануваат вработени во министерството. Првиот човек на службата Виктор Димовски убедува дека со ова се завршени безбедносните реформи, по препорака на извештајот на Прибе, но и дека ќе се стави крај на злоупотребите во службата.

На предлог на претседателот, заменик во агенцијата е и досегашниот заменик во УБК Ариф Асани. Со формирањето на новата агенција,  УБК заминува во историјата. АНБ нема надлежност да прислушкува туку тоа е задача на новоформираната ОТА. За бегалците и поранешни разузнавачи Горан Грујевски и Никола Бошковски кои се обвинети дека се вклучени во нелегалните прислушкувања пак, нема место во АНБ вели првиот човек. За нив само може таа да се стави во функција за помош на судските власти пред кои дури и се водат постапки.      

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ