Пожар во Војница во околината на Велес

Нов пожар избувна во близина на село Војница во околината на Велес. Градоначалникот на Општина Чашка Горан Стојановски на Фејсбук попладнево информираше за избувнувањето на пожарот и апелираше за помош во гасењето.

Од општина Велес информираат дека се испратени три екипи од ТПП од општината, оти дополнително е испратена и голема екипа од ЈКП Дервен, како и четири цистерни. Во гасење на пожарот учествуваат и хеликоптери на Центарот за управување со кризи.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ