
Сообраќајот отежнат, прекини и забрани на дел од патиштата
На планинскиот превој Ѓавато изутрина во седум часот е укината забраната за тешки товарни возила. Од шест часот изутрина повторно е во целосен прекин сообраќајот на патот Маврово – Дебар, поради снежната лавина што падна синоќа околу 18 часот кај Бигорскиот манастир, соопшти Автомотосојузот на Македонија..
Забрани за тешки товарни возила има на патните правци Струга – граничен премин Ќафасан, крак Маврово – Дебар, крак Стража – село Колари и обратно, како и на планинските премини Пресека, Буково и Ѓавато. На патот Тетово – Попова Шапка има забрана за тешки товарни возила и автобуси.
Снег врне во Крива Паланка, Страцин, Попова Шапка, Павлешници и Кула.
Поради отстранување одрони во близина на село Истибања, од викендот е во прекин сообраќајот на патот Кочани – Македонска Каменица.Се користи алтернативен пат Кочани – Виница – Драгобрашта – Бигла – Македонска Каменица.
Се препорачува внимателно возење со прилагодена брзина поради можна појава на одрони на голем дел од патиштата.