Македонија Мицкоски: Потребни се што е можно побрзи предвремени парламентарни избори
Недејствувањето на обвинителството и другите институции, што се огледува преку развлекување на истрагата за Рекет, ја загрозува нашата европска иднина, и истото е поразително за државата.
Ова е еден од заклучоците на состанокот што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, го имаше со партиите од коалицијата „За подобра Македонија“.
Заклучено е, дека се потребни што е можно побрзи предвремени парламентарни избори, за да се стави крај, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, на агонијата во која е западната државата. За веднаш по изборите да се пристапи кон систематско решавање на проблемите на граѓаните во насока на обнова на Македонија. На состанокот беа и генералниот секретар на партијата Игор Јанушев и потпретседателот Владо Мисајловски.



