
Неизмирна љубов кон небото- аеромитинг во Штип
Се вивнаа кон мирното небо Раде Ивановски и неговите синови, за да на штипјани по над 20 години им приредат аеромитинг на спортскиот аеродром Сушево. 58 годишниот капетан на Боинг 373 во Руанда го инвестира својот капитал во родниот Штип, овие мали авиони, хангарот и пистата се дел од идејата за отварање приватната школа за професионални пилоти во којашто младите, но и оние кои се заљубени во воздухплоството ќе имаат шанса да научат и да добијат дозволи за пилоти.
Во земјава има 30 професионални пилоти, кои работат за институциите, но и за странските компании, капетанот Раде којшто има поминати 12.000 часови во облаците идејата за школата ја добил, бидејќи во земјава речиси и да нема подмалдок. Просечната плата на еден пилот е од 2.000 до 15.000 евра, во зависност од компанијата за којашто се работи. Смета дека сообраќајот на небото е побезбеден, отоколку на земја да се вози автомобил.
Точно пред 42 години на оваа писта или какошто вели Раде на оваа ливада ја покажал својата љубов кон авионите, а ја пренел и на своите двајца синови. Со авионите на Раде заживеа небото над Штип, а младите и повозрасни штипјани уживаа во акробациите, меѓу нив беа и првата жена пилот во земјава, како и еден од најстарите пилоти и едриличари во Штип.
Некои имаат пасија кон пливањето, возењето на автомобил, камион, но овие луѓе кои денеска беа на штипскиот аеродром Сушево имаат неизмирна љубов кон небото, без разлика дали станува збор за моделарство, падобранство или возење на мал и голем авион.
Викторија Јованова