Димитров: Заради една личност не може нацијата да се откаже од владеење на правото

Една личност не може да биде причина – целата нација да се откаже од владеењето на правото, од патот кон Европа. Ова е ставот на министерот за надворешни Димитров, за вмешаноста на обвинителката Јанева во аферата Рекет. Министерот , кој учествува на неформалниот состанок на министри од ЕУ кој се одржува во Хелсинки, пред почетокот доби прашање за Јанева од финските новинари, која, според нив била симбол за револуцијата, слободата и борбата против корупцијата, а сега и самата е дел од една афера која предизвика разочараност во земјата.

Димитров, потсети дека Јанева е во притвор, но и дека треба да се почитува презумцијата на невиност.

  • Сепак, има индикации дека е инволвирана што остава горко чувство, бидејќи жедта за правда е огромна, и во земјата и кај народот. Она што е важно е дека кога проблемот е откриен, клучно е системот да реагира. И сега системот мора да реагира. Една личност не може да биде причина целата нација да се откаже, ние мораме да продолжиме, а патот е владеењето на правото., изјави Димитров.

Европските колеги очекуваат од Димитров да објасни дека  Македонија е правна држава, која ги спроведува реформите – препорака која и денеска од Брисел ја добија сите земји на Западен Балкан. Во однос на противењето на Франција за почеток на преговорите со Македонија и Албанија, информациите на Димитров се дека Париз се уште не заземал официјлна позиција за ова прашање.

  • Не треба да зборуваме за проширување, туку за комплетирање затоа што регионот е целосно опкружен со земји членки на ЕУ. мапата на Европа ќе остане иста откако овие земји ќе се зачленат, нема да се прошири, и ако го направиме ова како што треба, сите ќе бидеме добитници, рече Димитров.

Она за што се бори Макрон се истите вредности за кои ние се бориме во регионот, додава Димитров. Поддршка за датум за преговори во октомври, Македонија која оди во пакет со Албанија доби и денеска, но веќе не смее да се одложува, смета унгарскиот министер за надворешни. Сијарто се надева дека овојпат сите во ЕУ ќе ја сфатат важноста за проширувањето со земјите од Западен Балкан, и дека повеќе нема да има лицемерие.

  • Ние сме за почнување преговори со Албанија и Северна Македонија, но искрено, моето искуство вели дека западните колеги само зборуваат за проширувањето, а носат одлуки против, што е лицемерно, изјави Сијарто.

Но, позитивен аларм пристигна токму од Париз и лично од претседателот Макрон, кој пред стартот на состанокот во Хелсинки, на своите амбасадори им порача географски да се посветат повеќе на Западниот Балкан, во спротивно за овој регион ќе одлучува Америка, Русија и Турција.

Алиса Шутиноска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ