Собранието расправаше за се, освен за новите министри Ангеловска и Џемаили

Аферите Рекет и Детонатор, барањето предвремени избори, економскиот напредок на земјата, задолжувањата и странските инвестиции, го истиснаа во втор план прашањето за избор на двајца нови министри: Нина Ангеловска за финансии и Хисен Џемаили за странски инвестиции. Опозицијата смета дека наместо реконструкција на Владата, премиерот Заев треба да си поднесе оставка. Тој најавува дека граѓаните ќе го задржат уште неколку години.

ВМРО ДПМНЕ потенцира дека последните месеци изобилуваат со афери, од кои Рекет донесе кулминација. Власта прави разлика: сега аферите се пријавуваат и расчистуваат, за разлика од времето на претходната Влада.

За избор на новите министри е неопходно мнозинство од најмалку 61 пратеник. Овие два ресори беа испразнети при последната реконструкција на Владата во јуни.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ