Снежана Лупевска Созен, Миомир Серафиновиќ и Билјана Николовска со прва награда од ЕУ за истражувачко новинарство

Амбасадорот на Европската Унија во земјава Самуел Жбогар денеска ги додели наградите на ЕУ за истражувачко новинарство.

Првата награда ја добија Снежана Лупевска Созен, Миомир Серафиновиќ и Билјана Николовска за истражувачката сторија „Крадење идентитети на граѓани за криминални цели“. Втората награда ја доби Сашка Цветковска за истражувачката сторија „Тајните играчи од САД позади македонските `фејк њуз велешки сајтови`“, а третата Кристина Озимец и Васко Маглешов за истражувачка сторија „Пратеничките скандалозни суми за патни трошоци“.

Наградите се дел од тековниот проект финансиран од ЕУ „Зајакнување на квалитетното информирање и независното новинарство во Западен Балкан и Турција“. Целта на доделувањето на овие награди на ЕУ  е да им се оддаде признание и да се промовираат исклучителни достигнувања на истражувачкото новинарство.

За наградата пристигнале 20 апликации од 23 новинари, а од нив осум влегле во потесен избор. Од овие осум стории се избрани наградените три.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ