Почнуваат уписите на државни универзитети

Почнуваат уписите на државни универзитети во земјава. Кандидатите што сакаат да се запишат на некој од факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ може да ги поднесат документите денеска и утре, а слободни места има за 10.665 студенти.

И оваа година , метеж на техничките факултети. Студентите сметаат дека току овие струки се персепктивни , а струките и насоките едни од подобрите.

Деканот на ФИНКИ,  Иван Чорев вели дека оваа година е зголемен бројот на заинтересиран матуранти кои сакааат да го продолжат своето образование  на овој факултет.

Од Филозофскиот факултет велат дека и покрај тоа што оваа година бројот на матуранти е намален , сепак се задоволни од интерсот. Најмногу пријави како и досега се очекува  за студиите по психологија.

Според Конкурсот за упис, објавен на МОН  прелиминарната листа со примени кандидати во првиот уписен рок ќе се објави на 3, а конечната на 6 септември.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ