
Истрагата за „Рекет“ го успори и предметот „Шамарите во Центар“
Притворот на Катица Јанева го одложи и судењето за „Шамарите во Центар“. Една од точките по кои Катицва Јанева е во притвор е страв на надлежните дека може да го повтори делото и за овој но и во други предмети посочи адвокатот Димитар Дангов и додаде- ако Јанева не може да го застапува предметот поради притворот немаат право да продолжат со застапување ниту другите обвители во СЈО кои се нејзини помошници.
Обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски ја застапуваат Катица Јанева а не предметот и затоа тие не можат да имаат некое право што го нема специјалната обвнителка.Ова претставува правна пречка за продолжување на главната расправа. Предлагам судот да ја одложи правната расправа бидејќи за овој предмет не постои овластен тужител, вели адвокатот Димитар Дангов.
Адвокатот Донко Наков посочи дека му пишал на републичкиот обвинител Јовески дека по определувањето на притворот за Јанева тој требал веднаш да ја оддалечи од функцијата односно да ја суспендира повикувајќи се на законот за јавно обивинителство.
Обвинителката Фетаи рече дека зад секој став во законот за определување мерка притвор постојат повеќе причини , никој во судницата не видел што точно пишува во решението за притвор на Јанева.
- Треба да се прибави решението со кое и е определна мерката притвор на Јанева и да се види конкретно кој е опфатот за потоа да може судот да донесе одлука дали има пречка за да подолжиме да постапуваме по предметот, вели обвинителката Фатиме Фетаи.
И обвинетите излегоа со причини зошто судењето не треба да продолжи. Велат предметот за „Шамарите“ бил инфициран од случајот „Рекет“. Како доказ за ова понудија фотографија од ФБ на Боки 13 и екс-градочаналникот на Центар Жерновски кој е оштетен во оваа постапка и информација од веб страната на Меѓународниот сојуз дека општината издвоила 1 милион денари за донации во невладината.
Минатата година Трајковски беше во фокусот на јавноста и по фотографијата со експремиерот Груевски Груевски од Будимпешта во време додека бил на боледување. Тој објаснуваше дека отишол во Унгарија на специјалистички преглед за синусите и дишните патишта. Трајковски се врати и остана без работа во Царината а Груевски се уште е азилант и неговото столче во судницата е се уште празно. Следниот термин за „Шамарите во општина Центар“ е 10 септември.
Елена Ивановска Мукоска