
60 амандмани за законот за ЈО
Само што почна расправата во комисијата за европски прашања за предлог законот за Јавното обвинителство, веднаш прекина. Образложението е да им се даде можност на пратеничките групи и на министерката за правда Десковска-Тренеска да ги усогласат ставовите за поднесените вкупно 60 амандмани. 16 се поднесени од СДСМ, 10 од ДУИ, 20-тина од ВМРО ДПМНЕ и други.
Комисијата може да расправа најмногу два работни дена, и доколку денеска не заврши, ќе продолжи во понеделник, по што се очекува наредната недела законот за обвинителство и совет на обвинители да се најде на пленарна седница.
Денеска и за време на викендот ќе се сотануваат и работните групи на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, заради усогласување на решенијата околу СЈО.