Две деца оставени сами во автомобил на паркинг во Ново Лисиче, пренесени в болница

Две деца се најдени оставени сами вчера во автомобил на паркинг во скопската населба Ново Лисиче. Тие по реакција на граѓани биле однесени во Клиничкиот центар во Скопје.

Од МВР го потврдуваат случајот, но повеќе детали најавуваат за подоцна. Се уште не е познато колку време и зошто биле оставени децата сами во атомобилот.

Медиумите пишуваат дека децата се на возраст од 7 и 4 години, брат и сестра, а соседите ги виделе како седат во автомобилот по полноќ. Полицијата кога дошла, морала да ги искрши стаклата за да ги извади, потоа ги однела во болница.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ