
Кралицата го одобри барањето на Џонсон за суспендирање на парламентот
Британскиот параламент дефинитвно нема да работи пет недели. И покрај петицијата на која се собраа над сто илјади потписи, како што се очекуваше, Кралицата Елизабета Втора го одобри барањето на британскиот премиер да ја суспендира работата на Парламентот, се до 14 октомври – денот кога кралицата го одржува својот говор, кој секогаш е напишан од Владата. Одлуката стапува на сила само неколку дена откако во вторник пратениците се враќаат од одморите на работа, што значи дека се ставени под голем притосок да сторат што можат за да го спречат Џонсон да ја оствари намерата – Велика Британија да излезе од ЕУ без договор.
- Тоа значи дека имаат многу малку време да донесат легислатива, да се обидат да спречат Брегзит без договор и да ја натераат вадата да го продолжи рокот, и ако тоа не им успее, да направат нешто друго, вели доктор Кетрин Хедон, аналитичар.
Сега опозициските пратеници и оние кои не ја одобруваат одлуката на Џонсон ќе мора брзо да смислат некое решение кое ќе им успее од права. Во спротивно немаат друга можност, бидејќи станува збор за само неколку дена.
Идејата на Џонсон да се суспендира парламентот, познато како пророгација, значи и дека нема да има дебати, гласање, а многу закони кои не се довршени низ собраниската процедура замираат.
Скандалозниот потег на Џонсон предизвика гнев во целата јавност. За опозицијата, заобиколувањето на парламентот е негирање на народот, и удар врз демократијата.
- Ова е уставен испад. Ова е обид од премиерот, кој беше избран од многу мал број луѓе од конзервативносто членство, да се стави над парламентот и да спречи каква било легислатива или дебата со која би се блокирало земјата да ја напушти ЕУ без договор, и сите проблеми што би се создале од тоа, смета опозиционерот Џереми Корбин.
За многумина, Џонсон го злоупотребил процесот што наликува на диктатура.
- Ако пратениците не најдат начин да се здружат следната недеа и да го сопрат Борис Џонсон во своите намери, тогаш денешниот ден ќе биде запаметен во историјата како ден кога британската демократија умрела, укажа првиот министер на Шкотска, Никола Стурџон.
Џонсон се оправда дека земјата не може да чека краен рок, односно 31 октомври за да продолжи напред да се движи. Тој објасни дека неговата нова влада има возбудлива агенда која треба да ја спроведува. А на пратениците им порача дека следната недела е доволно време за дебатата. Џонсон како да не разбира дека парламентот не постои без причина, и дека тој не може да се отфрла само за да се истера личната цел. Токму тоа го сторил Кралот Чарлс Први во 1648-мата, за време на граѓанската војна во Англија. Судот потоа му пресуди дека предизвикал уставна криза и го осуди на смрт.
Алиса Шутиноска