Рударите од годинава со бенифициран стаж

Со просечна плата од 550 евра денеска македонски рудари го слават празникот Пресвета Богородица. Околу 10.000 вработени во над стоте македонски рудници денеска добија признанина од своите работодавци. Орхан Ибраимов вработен во рудникот Бучим денеска беше дел од прославата 40 години од постоењето на овој единствен рудник за бакар и злато. Задоволен е од платата, но и од условите. Сепак смета дека рударската професија е една од најтешките.

Премиерот Заев денеска беше во радовишки Бучим, а претседателот Пендаровски во рудникот Саса во македонска Каменица и двајцата забележаа дека оваа професија е една од најтешките, но и придонесува за економскиот развој на општините во коишто егзистираат овие рудници.

Пробиштип, Радовиш, Македонска Каменица и Крива Планка денеска го слават најголемиот празник, бидејќи речиси голем дел од жителите се работени во рудниците за олово и цинк или бакар и злато. Пресвета Богородица е заштитничка на македонските рудари, коишто денеска и покрај тоа што им е празник работат во јамите. 

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ