Младиот Марко продолжува со хуманата мисија

Охридскиот и македонски херој, малиот Марко Пејчиновски, не успеа да го заврши планираниот соло маратон од 64 километри, посветен на лицата со ретки болести.

По 4 часа и 49 минути во водите на Охридското Езеро и минати 11 километри и 840 метри, Марко поради големи болки во ногата го прекинал маратонот. Сакаше да го преплива таканаречениот триаголник Охрид – Св. Наум – Струга – Охрид.

Не успеа, но неговиот обид предизвика воодушевување кај јавноста и на социјалните мрежи.

А Марко,  кој и самиот има доживеано инфаркт на коска на долните екстремитети,  добива поддршка од сите страни. Тој лани го преплива Охридското Езеро од Св. Наум до Охрид и стана најмладиот пливач во историјата кој успеал да направи таков подвиг. А тој ја продолжува својата хумана мисија со мото „Желбата и волјата се крилја за големи дела.“  

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ