
Статусот на СЈО заглавен во политичко инаетење
Премиерот Заев повикува на мудрост и одговорност за законот за Јавно обвинителство, а лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски предупредува власта да не се обидува да го дерогира законот и да оди на планот Б преку интервенција во Законот за совет на јавни обвинители кој се носи со обично мнозинство.
Заев се уште нема добиено покана да сведочи за случајот ,, Рекет,, Им стои на располагање на сите институции кои ќе побараат од него каква било информација за криминалната афера.
Лидерот на опозициската Вмро Дпмне Христијан Мицкоски од Берово порача дека власта сака да и се одмазди на партијата па затоа најавува план Б.Побара оставка од министерката за правда Рената Тренеска Дескоска.
Наредните денови работните групи повторно ќе седнат на заедничка маса во обид да постигнат компромис за законот за јавно обвинителство па дури потоа ќе се закаже седница на Комисијата за европски прашања. Вмро Дпмне ќе поднесе амандмани со кои ќе бара тие да предложат шеф на обвинителството , буџетот на институцијата да не биде помал од 0,4% како и да се зголеми одговорноста на јавните обвинители за евентуална злоупотреба. Амандмани ќе поднесат и трите партии на Албанците, Дуи, Беса и Алијансата.
Јулијана Пешевска