
Пендаровски: Истрагата за „Рекет“ да е брза и без притисоци
Претседателот Стево Пендровски апелира на брза и темелна истрага за случајот ,, Рекет“ без притисоци и влијанија од политичари и бизнисмени. Убеден е дека е создаден амбиент за целосно расчистување на криминалната афера. Каква било евентуална помош во Јавното обвинителство од експерти од странство е прифатлива, вели тој, но неизвесно е дали може да се реализира.