Советот на јавни обвнители ќе ја „испрати” Јанева пред Собранието ?

Расположението во Советот на јавни обвинители оди кон тоа тие да не бираат  вршител на должнист во СЈО туку евентуално да поведат постапка за разрешување на Јанева и топката да се префрли во Собрнаието кое го формираше сјо велат извори за Телма.

Размислувањата на мнозинството од членовите биле во насока на тоа дека  законот за СЈО не му дава можност на Советот да назначува вршител на должност. Ваков став до сега јавно обелодени претседателот на Советот Коле Штерјев. За разлика од него државниот обивнител Јовески кој е член на советот по функција веќе се изјасни дека советот има надлежност да назначи в. д шеф на СЈО повикувајќи се на одредбите од законот за јавно обвинителство, но тој не присуствуваше на вчерашната седница, а неизвесно е неговото присуство и утре.

Откако вчера со часови ги гледаа сите докази за „Рекет“ утре на членовите на советот им останува да гласаат дали да започне постапка за разрешување на специјалниот обивнител. Доколку сметаат дека Јанева незаконито, нестручно и несовесно ја вршела функцијата согласно чл 18 од законот за СЈО,  Советот треба да достави извештај за разрешување до Собранието. Овој извештај прво поминува на комисија за избори и именувања, а во согласност со четирите најголеми партии, Собранието го утврдува предлогот за разрешување на јавниот обвинител со двотретинско мнозинство кој се испрака назад во Советот на јавни обвинители. 

Доколку советот утре поведе постапка за разршеување на Јанева, најрано во петок може да тргне извештајот кон Собранието. Многу планови, а малку денови им остануаат на надлежните до  15-ти септември. Дотогаш или ќе биде разрешена Јанева или ќе и истече мандатот по сила на закон кој ќе го води СЈО . Од  тој момент СЈО и навистина влегува во кома бидејќи сите останати обвинители се водат како помошници на Јанева која е потписник на сите обвиненија, велат експертите.

Дел од опциите кои се нудат во јавноста се или нов закон за ЈО за кој е потребно 2/3 мнозинство или в.д шеф. Министерката за правда Дескоска вчера обелодени дека планот Б е да се смени законот за советот на јавни обвинители за кој е потребно просто мнозинство така што ќе му се овозможи на советот да поставува  вршител на должност во СЈО.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ