Обемниот материјал од Русковска го одложи разрешувањето на Јанева

По 7 часа расправа зад затворени врати, Советот на  обвинители одлучи четврток да биде денот кога ќе донесат одлука дали ќе ја отпочнат процедурата за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева. Претседателот на Советот, Коле Штерјев, рече дека обвинителството доставило многу докази, па поради обемноста на материјалот денеска само ги читале материјалите и немале време да донесат одлука.

Три часа минале со обвинителката Вилма Русковска од организиран криминал која го донела целото досие за „Рекет“, а одговарала и на прашања на членовите на советот.

Од советот на јавни обвинители може да отпочне крајот на функцијата на Јанева, доколку минимум петмина од 9 членови во четврток донесат одлука да изгтоват и испратат извештај до собранието, а со согласнсот на четирите најголеми партии и со двотретинско мнозинство и Бадентерово гласање. Републичкиот обвинител Љубомир Јовевски кој е десетиот челн на советот денеска не дојде на седницата, без да образложи зошто. За разлика од неговиот колега Штерјев, Јовевски се повикува на членот во специјалниот зкаон за СЈО и тврди дека може да се избере заменик на Јанева кој ќе раководи со СЈО до истекот на мандат догодина. Штерјев тврди дека со крајот на Јанева како специјален обвинител завршуваат и мандатите на останатите 10-тмина обвинители во СЈО, и не може советот да назначува заменици.

И Штерјев е на крајот од својото двегодишен мандат кој истекува во четврток, но неговата смена ќе избира во петок. Јанева пред 4 години во истата сала даде заклетва дека чесно ке ја извршува функција, а од пред една седмица е осомничена за злоупотребена на службената положба во случајот „Рекет“ на Боки 13 и Зоки Кичеец кои пак однесоа еден милион евра од кај бизнисменот Орце Камчев во скапи чанти.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ