Синдикатот најаву штрајк, министерот за образование повикува на разговори

Се уште е незивесно дали учебната година ќе почне навреме  во понеделник на 2 септември или пак стартот ќе се доложи поради најавениот  штрајк на просвтените работници  со барање за зголемување на платите за 25 проценти. Министерот за образование Арбен Адеми   се надева дека СОНК   ќе се откаже и штрајк нема да име. Тој најави преговри и вели дека  дека платите во образованието се зголемени з аповеќе од 10 проценти.

-Треба да седниме заедно на конструктивен начин и да одлучиме, според можностите што ги имам. Досега сме покажале дека има серизоност од наша страна-покачување од 5 проценти плус 5 проценти и велиме ќе има и идно почување на платите. Кога ќе биде и колку ќе биде, зависи од параметрите. Кога ќе ги имаме податоците, ќе одлучиме. Јас би сакал да се откажат, рече министерот за образование Арбер Адеми.

Од СОНК  велат дека немаат врз основа на што да ја поништата донесената одлука за штрајк на 2 септември, затоа што во моментот немаат никаква понуда од Министерството за образование. Но, не одбиваат преговори Сепак претседателот на СОНК ЈАким Неделков не открива кој е минимумот на покачување на платите во образованието што е прифатлив за синдикатот

-Тое е предмет на преговри, што би рекле политичарите, неблагодарно е  предвере да се прогнозира или да се откриваат сите работи. сепак тоа би го оставил да се разговара на преговиире. Во секој случај тоа што би било понудено од Министерството за обрзвание треба органото на одлучување да го прифати. Без разлика на моето лично мислење, орган одлучува за таа работа, вели претседателот на СОНК ЈАким Неделков.

Претсавнииц на СОНК и Министерот за образование треба да се сретнат во четврток. Доколку не ги усогласат ставовите, неизвесен е почетокот на учебната година.

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ