Вести 22 часа дел од Тетово без струја
По 22 часa долниот дел на Тетово доби струја. Се работи за стотина стопански објекти и над илјада семејства на потег од мостот кај река Пена па се до тетовската касарна. Домаќинствата на овие големи горештини не можea да ги завршат домашните обврски, а голем број локали и производствени капацитети беа затворени и претрпеа штети.
Струја снема вчера околу 16 часот, а екипите на ЕВН утринава го лоцираа дефектот во близина на трафостаницата Тетово 1.
Од ЕВН допрва ќе утврдуваат кои се причините за настанатиот дефект.
Пред неколку години поради преоптовареност на мрежата, во повеќе наврати Тетово во зимскиот период немашe струја повеќе од 24 часа.
Зоран Димовски



