Положената училишта матура не им дозволува упис на факултет

Над стотина матуранти од источниот регион не можат да се запишат на еден од универзитети во земјава. Наместо државна, тие полжиле само училишна матура. Новиот Закон за високо образование веќе не им дозволува на матурантите да аплицираат на некој од факултети без да ги имаат оценките од  државна матура. Сметаа дека институциите во овој случај не ги информирале навреме. Уписите во прва година од денеска почнаа на штипскиот универзитет. Проректорот за настава Кирил Барбареев вели дека постапуваат согласно законот.

Средношколците кои немаат положено државна матура најавуваат дека ќе достават барање до министерството за образование, за да можат и оваа година да аплицираат со положена училишна матура. Оние коишто денеска ги доставуваа своите документи велат дека некои училишта ги информирале, а некои не за новата законска одредба.

Во првиот уписен ден на штипскиот универзитет аплицирале околу 500 идни бруцоши. Редица од родители и завршени матуранти и оваа година имаше на Медицинскиот факултет, каде што за една од студиските програми до попладневните часови аплицирале околу 200 кандидати.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ