
Во Македонија има речиси милион ипол корисници на интернет
Во земјава, како и секаде во светот расте бројот на корисници на сите социјални мрежи на интернет. Според странските статистичари и нивните податоци објавени на веб страницата statista.com, во Македонија има речиси милион ипол корисници на интернет. Две третини од нив користат социјални мрежи. Повозрасните повеќе го сакаат Фејсбук, коментираат експертите за социјални мрежи кај нас.
Стојановски анализира дека луѓето овде иако се побројни на социјалните мрежи – на нив гледаат повеќе како забава, а не ги согледуваат посериозните аспекти од нивното користење.
Прогнозите на експертите се дека бројот на корисници ќе продолжи и во иднина да расте, но не знаат со какво темпо во иднина. Користењето на Фејсбук, Инстаграм и другите мрежи е светски тренд кој не не одминува ниту нас. Психолошката поткрепа на активното користење на онлајн-просторот е дека формите на комуникација коишто се нудат таму ги задоволуваат потребите на луѓето.
Петар Догов