Инвентори за помала загаденост во Битола, Скопје и Тетово

Жителите на Скопје, Битола и Тетово ќе можат  бесплатно да ги заменат печките на огревно дрво и други фосилни горива со   инвертори. Ова го најави премиерот Заев и рече дека станува збор за нова мерка во Планот за намалување на аерозагадувањето.  Примената ќе  почне од  претстојната грејна,  а Владата и Државните електрани   работат на подготовка на мерката.   

-Битола, Скопје и Тетово а потоа  и други градови ќе бидат оние од каде ќе почнеме со имплементација на овој проект, а Владата и ЕСМ почнаа со подготовка. ЕСМ преку РЕК Битола и РЕК Осломеј има нанесено големи штети врз екологијата од нивното постоење до денес. Сега редно е да  врати на животната средина им помогне на сите домаќинства во државата при применувањето на високоефикасни инвентори и други системи на енергетска ефикасност, изави премиерот Зоран Заев.

Заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули, потврди дека направен е работен план и доставен е до премиерот, но се уште не е операционализран, поради што не посочи повеќе детали,  колку пари ќе бидат издвоени, колку домаќинства ќе бидат опфатени со мерката, дали проектот ќе го финансираат Државните електрани или пак ќе се издвојата средства со ребалансот на буџетот кој е најавен за крајот на септември.

Слична можност со субвенционирање на инвентори   имаат само  жителите на Град Скопје кои досега се затоплувале со печки на фосилни горива, а не се приклучени  на градското централно греење.  Повикот за субвенции е во тек, а мерката се  финасира од Буџетот на Град Скопје и е во изинос од 50 проценти од вредноста на уредот. По кој принцип ќе се заменуваат печките во новата мерка што ја најави  Заев се уште не се знае, но заменик министерот Макрадули рече дека повеќе информации  ќе има веќе следната недела.

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ