Медицинските факултети најатрактивни за идните бруцоши

Медицинските факултети во земјава и оваа академска година се најатрактивни за идните бруцоши. Уписите на универзитетите почнуваат од понеделник, а направените анализи на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ покажуваат дека  наjголеми турканици ќе има на една од студиските програми на овој факултет.

Половина од студентите на штипскиот универзитет студираат на факултетите за Медицински науки и Туризам и бизнис логистика. Професии, коишто на младите им нудат сигурно вработување и во земјава, но и во странство. Веднаш по запишувањето на студиите по медицина, бруцошите паралелно се запишуваат и на изучување на германскиот јазик. Секоја година се бара место плус во центрите и приватните училишта за овој странски јазик.

Ректорот на штипскиот универзитет, Блажо Боев иднината на факултетите ја гледа во нивната интернационализација, односно студиските програми да се следат и на англиски јазик. Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“, како второ рангиран во земјава има меѓународна соработка со над 300 универзитети во светот, а над 300 странски студенти студираат во Штип или во еден од дисперизраните центри. Но и овие студенти од Турција, Грција, Бугарија и други европски земји за своја идна професија ја имаат избрано медицината или информатичкиот сектор.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ