Галовеј: Партии мора да го стават интересот на земјата пред сè

Политичките партии мора да го стават интересот на земјата пред сè, вели британската амбасадорка Рејчел Галовеј.

Во интервју за МИА, Галовеј вели дека реформите во обвинителството, се дел од пошироките реформи поврзани со владеењето на правото што се приоритетни за ЕУ, за НАТО, и за граѓаните на Северна Македонија, па затоа политичките партии мора да го стават интересот на земјата пред сè.

Таа вели дека владеењето на правото се заснова на примена на законите, па затоа случајот „Рекет“ е можност да се покаже делотворно, навремено и неселективно спроведување на законите.

Најважно е граѓаните да видат дека владеењето на правото подеднакво важи за сите, вели Галовеј во интервју за МИА.

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ