
Граѓаните ја оценија работата на Собранието со тројка
Една недела пред почеток на работа на Собранието, пратениците за своето работење изминатата година од граѓаните добија тројка.
Анализите на институтот за демократија покажуваат дека народот повеќе му поверува на предсеателот на државата а на исто ниво е довербата во законодавниот дом и Владата.
Граѓаните оцениле дека квалитетот на дебата во Собранието е на ниско ниво и ја добива минималната потребна оценка за да може да се нарече дебата.
Дури 78 проценти од испитаниците кажале дека пратениците секогаш ги застапуваат интересите на своите почитички партии, по што следуваат личните интересни и бизнис интересите.
Институтот за демократија во рамки на проектот „Собранието под лупа“ поддржан од спроведе теренска анкета на 1.000 испитаници за перцепциите на граѓаните и јавноста за работата на Собранието во периодот од јуни 2018 до април 2019 година како и Извештај за квалитетот на дебатата во Собранието, кој се однесува на периодот од 1 јануари до 30 јуни 2019 година.
Теодора Цветковска