
Д-р Чадиковски премина во болницата „Аџибадем Систина“
Детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски , од денеска дел од приватната клиника „Аџибадем Систина“. Како што соопштија од таму , со потпишувањето на договорот со Чадиковски се создадени услови за изведување на сите видови срцеви интервенции кај деца.
,,По потпишувањето на договорот на единствениот лиценциран кардиохирург за деца во земјава, д-р Владимир Чадиковски, со Клиничката болница „Аџибадем Систина“ очекуваме соодветна институционална поддршка од здравствените власти”, велат од Аџибадем Систина.
Чадиковски кон почетокот на месецов даде отказ од „Жан Митрев“, болницата со која државата има склучено таканаречено „некласично“ јавно приватно партнерство.
Освен Чадиковски, откази дадоа и останатите членови на тимот кои кон почетокот на годинава преминаа од државната клиника во болницата „Жан Митрев“, како дел од јавното – приватно партнерство што го најавија Министерството за здравство и Фондот за здравство.
Неофицијално, тие ги дадоа отказите поради неисполнетите услови што претходно им биле ветувани на докторите и персоналот кој од државната клиника премина во приватната, како и за различните концепти на функционирање.
Се уште се чека ставот од Министерството за здравство.
Теодора Цветковска