Без да се разреши Јанева, не може да се назначи в.д. обвинител

Претседателот на Советот на јавни обвинители Коле Штерјов утрово испратил допис до обвинителката Вилма Рускоска   во кој бара официјално да го известат за сите преземени активности во врска со Катица Јанева. Дури потоа ќе закаже седница на која ќе се донесе одлука. Советот не може да назначи вршител на должност кој ќе раководи со обвинителството. Тоа може да се стори само доколку на Јанева и престане мандатот или е разрешена, ни изјави во телефонски разговор Штерјов. Јавното обвинителство ги подготвува материјалите и во најкус можен рок ќе ги испрати до Советот.но постапката не може да се заврши во едне ден.Врзани се рацете и на Комисијата за избори и именувања. Без предлог за разрешување од Советот на обвинители,Собранието не може да донесе одлука.

Ако се разреши Јанева, автоматски му прекинува мандатот и на нејзиниот тим. Постапката е строга, зошто и институцијата е значајна, вели Димовски.

Постапката за избор на нов тим е обратна. Собранието го утврдува предлогот па му го доставува на Советот на јавни обвинители.Познавачите на состојбите велат дека најдоброто нешто што во моментов треба да се направи е да се донесе нов закон за јавно обвинителство и сите постапки да с еводта во рамките на институцијата која  претходно имаше и ингеренции да гони криминал и корупција.

Јулијана Лефковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ