
(видео) Русковска: За никого не би побарала притвор ако немам докази
Шефицата на СЈО, Катица Јанева ноќта ќе ја помине во е во истражниот затвор “Скопје” во Шуто Оризари, откако судија на претходна постапка ѝ определи 30 дневен притвор во истрагата за случајот “Рекет” како третоосомничена. Но, утре ќе и биде дозволено со полициска придружба да присуствува на погребот на својата мајка во Гевгелија, која починала утрово. Таа има право на жалба преку нејзините адвокати до кривичниот совет. Притворот го побара Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Обвинителката Вилма Русковска рече дека ова и било најтешкото соочување, со оглед на тоа што немала осомничен колега. Рече дека досега немала никакви политички притисоци, додаде дека никогаш не би побарала приведување или притвор за некој за кој нема докази.