
И Армијата ќе стрела во дивите свињи
Армијата ќе се вклучи во стрелањето на дивите свињи, за да спречат африканската свинска чума да биде пренесена во земјава. Ќе стрелаат онаму каде што ловџиите нема да ја завршат работата.
Дивите свињи, околу осум илјади на број во земјава немаат многу природни непријатели во шумата, но во следните денови ќе бидат сардисани од сите страни. И ловџиите ќе бидат на терен.
Дивите свињи живеат во чопори и околу влажни шуми. Ако некоја од нив се зарази со смртоносниот вирус, постои опасност за сите свињи во радиус од 3 километри и ќе мора да бидат убиени. Може да заболат само овие животни и за нив нема лек.
Освен награди за ловџиите, исплатени ќе бидат и одгледувачите на свињи. 50 евра за секоја доброволно заклана свиња. Овие мерки ја принудија Владата да планира ребаланс на буџетот и да одвои еден милион евра. Ако епидемијата дојде и во Македонија, многу поголеми ќе бидат штетите. Вака властите ги правдаат своите мерки. Ќе се уништи целата свињарска индустрија.
Овде годишно се произведува свежо свинско месо во вредност од над 50 милиони евра. Ако пропадне тоа, ќе треба да се увезува месо, а државната каса ќе биде олеснета за повеќе од 100 милиони евра во тој случај.
Петар Догов