Владика Тимотеј: СПЦ нема намера да го реши црковниот проблем со МПЦ-ОА

Српската православна црква (СПЦ) нема сериозна намера да го реши црковниот проблем со МПЦ-ОА, а тој нејзин став не е променет веќе неколку години, смета митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј.

– Постои голема веројатност на мајскиот собор на СПЦ да биде отворено прашањето за натамошното делување и решавање на црковниот спор со МПЦ, но искрено не верувам дека на тој собор ќе биде постигнат некаков договор, го пренесува „Слободен печат“ владиката Тимотеј.

За барањето на МПЦ-ОА за заедничко сослужување со БПЦ, вели дека тој потег е паметен и би донел само позитивни работи.

– Не знам дали заедничкото сослужување со МПЦ би предизвикало каква било штета или последици за БПЦ поради тоа што сослужува со црква која е надвор од единството, но на тоа прашање нека размислува бугарскиот црковен врв, истакнува г. Тимотеј.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ