Јанева не се откажува од Фетаи и Бубевски како обвинители против Ејуп Елими и Исмет Гури

Катица Јанева не се откажува од обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски. Адвокатот на обвинетите за изборни измами Ејуп Елими и Исмет Гури Еленко побараа од неа да ги изземе во предметот „Титаник“ 3, како полноможници,  а од судот да ја изземе Јаенва како застапник и потписник на обвинението. Јанева ги зачува обвнитиелите со експресен допис дека барањето е неосновано, повикувајќи се на автономноста на законот за СЈО. За изземањето на Јанева судот си даде неколку дена за да одлучи. Ваквото барање на одбраната доаѓа по превирањата во СЈО, меѓусебните обвинувања, сомнежот за злупотреба на функцијата од Јанева и последната јавна кавга на Фетаи со шефицата, објаснува адвокатот Еленко Миланов.

Фетаи го одмолчи барањето на Миланов во судницата со краток коментар дека таков основ како кавга не постои во законот за кривична постапка, а одмерена во изјавата за случувањата во СЈО беше и пред почекот на судењето.

Изземањето на Јанева е возможно доколу советот на јавни обивнители испрати претставка до собранието од каде СЈО ја црпи обвнителската сила, тврдат адвоактите. Во таков случај обвинетиот Ејуп Алими како пратеник ќе може самиот да гласа за судбината на сопственото обвинение како дел од СЈО.

Кривичниот суд веќе има едно барање за изземање на Јанева како застпаник на обвинението во предмтот „ТНТ“ за уривањето на комплексот „Космос“ на Фијат Цановски, бидејќи одбраната се сомена во поврзност на „ТНТ“ и „Рекет“ на Боки 13, бидејќи оштетениот за Космос Ардијан Амзовски испалтил 233 000 илајди евра на невладината на Боки 13, иако ги негираше самиот тврдењата дека на тој начин се спасил од гонење од СЈО. ОДносите ов СЈО се влошија откако одекна аферата „Рекет“, а тројца обвинители беа на распит кај нивнтие колеги за организиран криминал.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ